Идната година Македонија ќе има 1.300 ЦЕМТ-дозволи

Bez autora
Jul 07 2011

Македонија идната година ќе има на располагање повеќе од 1.300 ЦЕМТ-дозволи, што е за 200 дозволи повеќе од годинава. Ова произлегува од одлуката на работната група за патен транспорт при конференцијата на министри за меѓународен превоз на стока со седиште во Париз, врз чија основа е дозволено Македонија за 2012 година да има 136 базни дозволи со кои ќе може да се врши распределбата на ЦЕМТ-дозволите. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во 2012 година првенствена можност за добивање ЦЕМТ-дозволи ќе имаат возилата со Еуро 4 и Еуро 5 стандарди, односно најверојатно на возилата од пониски категории нема да бидат распределени ЦЕМТ-дозволите.

Идната година Македонија ќе има 1.300 ЦЕМТ-дозволиМакедонија идната година ќе има на располагање повеќе од 1.300 ЦЕМТ-дозволи, што е за 200 дозволи повеќе од годинава.

Ова произлегува од одлуката на работната група за патен транспорт при конференцијата на министри за меѓународен превоз на стока со седиште во Париз, врз чија основа е дозволено Македонија за 2012 година да има 136 базни дозволи со кои ќе може да се врши распределбата на ЦЕМТ-дозволите.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во 2012 година првенствена можност за добивање ЦЕМТ-дозволи ќе имаат возилата со Еуро 4 и Еуро 5 стандарди, односно најверојатно на возилата од пониски категории нема да бидат распределени ЦЕМТ-дозволите.

„Со оглед на тоа дека во последните 12 месеци во Македонија се купени повеќе од 200 возила со Еуро 5 стандард и вкупно моментно има околу 1.150 вакви возила, како и 130 возила со Еуро 4 стандард, согласно со фондот на дозволи со кои располага Македонија, во распределбата за 2012 година првенствена можност за добивање ЦЕМТ дозвола ќе имаат возилата со највисока категорија, односно возилата, кои се со Еуро 4 и Еуро 5 стандарди, односно, најверојатно, на возилата од пониски категории нема да им бидат распределени ЦЕМТ дозволи“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт.

Предвидено е аплицирањето за ЦЕМТ дозволи да биде од 10 до 15 октомври по што ќе биде одржана јавна електронска распределба на дозволите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik